Husamedin Gina
25 Февруари 2020•Ажурирај: 26 Февруари 2020
СКОПЈЕ (АА) – Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Скопје организираше марш под мотото „Протест за правда”, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вечерашниот протестен марш на опозицијата започна пред Јавното обвинителство, а заврши пред Врховниот суд на Северна Македонија, со обраќањето на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Денес протестираме затоа што неправдата станува неподносливо секојдневие и затоа што се виде зошто Заев се бореше толку за Закон за обвинителство со кој се надева дека аудио материјалите нема да важат“, нагласи Мицковски. Тој додде дека „обвинителство и судството веќе не смеат да молчат пред убивањето на правдата."
Мицкоски во својот говор од институциите побара покренување „истрага за злоупотреба на службената должност" од страна на претседателот на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев.
Протестот опозициската ВМРО-ДПМНЕ следуваше по објавената аудиоснимка од страна на Антонио Милошевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на којa, според него, поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев зборува за Законот за јавно обвинителство и Врховниот суд.
Потсетуваме, на 17 февруари СДСМ организираше марш „Чекориме за правда“.
Маршот за правда на СДСМ и денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ се случуваат во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.
Предизборната кампања, според Роковникот на Државната изборна комисија започнува на 23 март.
Предвремените избори се договорени на лидерската средба на парламентарните политички партии која ја иницираше претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски откако на Самитот во Брисел во октомври минатата година, поради противењето на Франција, Северна Македонија не го доби најавуваниот датум за почнување претпристапни преговори за членство во Европската унија.