Ekipa
13 Септември 2021•Ажурирај: 14 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 183 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 183.705, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 18 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 6.277.
Институтот за јавно здравје регистрира 531 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 164.383.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 e 13.045.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.035 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.225.089 тестирања.