Husamedin Gina
28 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 102 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 10.315, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починале уште 5 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 471.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 5.663.
Во моментот активни се 4.181 случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.356 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 97.550 тестирања за Ковид-19.