Admir Fazlagic
27 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
ВЕЛЕС (АА) - Во присуство на бројни личности од општествениот, политичкиот и културниот живот вечерва во велешко Горно Оризари, под покровителство на Владата на Република Северна Македонија, а во организација на Бошњачкиот национален совет (БНС) во земјата, се одржа свечениот настан со кој беше одбележан Меѓународниот ден на Бошњаците - 28 Септември, јавува Агенција Анадолија (АА).
На свеченоста меѓу присутните беа претставници од кабинетот на претседателот Северна Македонија, претседателот на Владата, Зоран Заев, заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски, претседателот на Бошњачко демократскиот сојуз (БДС), Мунир Колашинац, претседателот на Бошњачкиoт национален совет, Џевад Хот, градоначалникот на Нови Пазар, Нихад Бишевац, како и градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски.
Од присутните гости од регионот присуствуваа градоначалникот на Нови Пазар Нихад Бишевац и претседателот на Советот на општина Сјеница Рејхан Куртовиќ.
Премиерот Заев во своето обраќање пред присутните на манифестацијата во името на Владата го честиташе Меѓународниот ден на Бошњаците и посака успех и просперитет на заедницата.
„Пријателите се познаваат по неволја, а токму припадниците на вашата заедница, Бошњаците, секогаш, во доброто и во злото, активно учествуваат во политичкиот живот на Северна Македонија и значајно придонесуваат во изградбата и развојот на нашата заедничка држава. Бошњаците се составен и нераскинлив дел од богатството во нашата мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава. Бошњаците се исклучително многу вреден и драгоцен сегмент во концептот „Eдно општество за сите" ", истакна премиерот Заев.
Тој додаде дека Владата и во идина ќе продожи да ги зајакнува инсттуционалните можности за негување и унапредувње на интересите и културните особености на бошњачката заедница.
Претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз Мунир Колашинац истакна дека Бошњаците на овие простори со векови наназад и Северна Македонија ја доживуваат како своја земја и татковина.
„Бошњаците активно учествуваа во изградбата на демократското општество и институциите на Северна Македонија и тоа го прават и денеска на легаелн и легитимен начин, конкетно, придонесувајќи кон остварувањето на европските и евроатланските перспективи на Република Северна Македонија", истакна Колашинац.
Претседателот на Бошњачкиот национален совет, Џевад Хот, рече дека во дамнешната 1993 година, на 27 и 28 септември во Сараево под опсада, во најтешкиот период за опстанок на државата Босна и Херцеговина и нејзиниот народ одржан е првиот бошњачки сабор на кој присуствуваа најугледните претставници на бошњачкиот народ од сите општествени слоеви каде се разговараше за враќањето на името Бошњак во БиХ и секаде каде што живеат Бошњаците.
„28 септември во историјата ќе остане забележан како ден кога е усвоена декларација и на матичниот народ на Босна му е вратено неговото матично име Бошњаци. Со Декларацијата е вратен и историскиот назив на матичниот јазик, босански јазик. Повеќе од 150 години потиснување, омаловажување и негирање на постоењето на матичниот народ на БиХ и нивниот матичен јазик, оваа историска неправда е исправена", истакна Хот.
Градоначалникот на Општина Велес,Аце Коцевски, во обраќањето пред присутните изрази задоволство што центраната манифестација за Меѓународниот ден на Бошњаците се одржува во Горно Оризари, за кое рече дека е најголемо населено место со Бошњаци во земјата.
Во својство на домаќин на манифестацијата се обрати претседателот на бошњачкото здружение „Глас Оризара", Енвер Карталовиќ, кој упати благодарност до сите кои придонесоа за организација на манифестацијата по повод одбележувањето на Денот на Бошњаците и упати честитки по повод овој празник.
По одржаните говори, следуваше културно-уметничка програма во рамките на која настапи Хамза Шкријељ од Нови Пазар и културно-уметничкото друштво „Љиљан" од Скопје, а поезија читаше Фатима Шкријељ.
Со измените на Законот за празници во земјава, на 8. февруари 2007 година во Собранието, 28 септември (Денот кога на Бошњачкиот сабор во Сараево 1993 година е вратено националното име Бошњак) е прогласен е за Ден на Бошњаците во земјата.