Ekipa
09 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа потврдени се 36 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи во земјата од почетокот на епидемијата достигна 1.622, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството, во изминатото деноноќие од вирусот починало едно лице, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 91.
Денес, Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти, а досега од вирусот излекувани се вкупно 1.112 пациенти.
Министерството за здравство соопшти и дека во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања за Ковид-19, а вкупно досега во земјата се извршени 18.821 тестирање. Бројот на активни случаи изнесува 419.
Според владините мерки за ограничување на движењето на граѓаните во Северна Македонија, полицискиот час на сила е секој работен ден, од понеделник до петок, од 19:00 часот до 5:00 часот наутро. Во текот на викендите, почнувајќи од денес (09.5), во саботите и неделите, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05:00 часот до 19:00 часот.