Husamedin Gina
22 Ноември 2021•Ажурирај: 23 Ноември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 155 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 212.375, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 13 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.449.
Институтот за јавно здравје регистрира 387 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 196.636.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 8.290.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.179 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.450.215 тестирања.