Furkan Abdula
08 Ноември 2021•Ажурирај: 09 Ноември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 156 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 206.233, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 10 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.242.
Институтот за јавно здравје регистрира 326 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 191.132.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 7.859.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.309 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.409.078 тестирања.