Gorana Jakovljevic
24 Мај 2022•Ажурирај: 25 Мај 2022
ЉУБЉАНА (АА) - Во Словенија е потврден првиот случај на мајмунски сипаници, објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), јавува Агенција Анадолија (АА).
Марио Фафангел, раководител на Центарот за инфективни болести при Институтот за јавно здравство, изјави дека маж се заразил на Канарските Острови, дека симптомите му се појавиле по враќањето во Словенија и дека е во добра здравствена состојба. Како што објавија словенечките медиуми, пациентот моментално се наоѓа во домашна изолација.
Фафангел рече дека е важно лицата кои биле во близок контакт со заразени три недели да ги следат симптомите, наведувајќи дека лицата се заразни по појавата на првите симптоми, а најзаразни кога ќе им се појави осип на кожата.
Објасни дека под близок контакт се подразбира директен физички контакт, како и допирање предмети и работи како пример постелнина. Тој додаде дека вирусот, иако не станува збор за полово пренослива болест, се пренесува и преку сексуален однос.
Од почетокот на мај, неколку случаи на мајмунски сипаници се откриени во девет земји од Европската Унија: Австрија, Белгија, Франција, Германија, Италија, Португалија, Шпанија, Шведска и Холандија.
Мајмунските сипаници се вирус што се пренесува на луѓето од животни, а симптомите вклучуваат треска, осип и отечени лимфни јазли.