Andelija Stojkovic
09 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека е охрабрен со изјавата на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер дека Србија би можела да стане членка на Европската унија пред 2025. година и оти смета дека тоа би било можно во 2023. година, јавува Anadolu Agency.
„Вчерашната изјава на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер е охрабрувачка. Мислам дека е можно да се случи но не ветувам", им рече Вучиќ на новинарите во Белград.
Тој рече дека влегувањето на Србија во ЕУ зависи од одлуката на земјите членки но и од односот кон Косово.
„Ни предстои многу работи коишто треба да ги направиме, ние вакви, нема да влеземе во ЕУ. Мораме да видиме како ќе ги решаваме односите со Приштина", рече Вучиќ.
Вучиќ рече и дека Српската напредна странка (СНС), чијшто претседател е тој, наредната недела ќе донесе одлука за распишување на вонредни парламентарни избори.
„Партијата за тоа ќе донесе одлука, да не давам точни денови, но би требало следната недела", рече Вучиќ и додаде дека не може да знае каква одлука партијата ќе донесе.
„Би имале четири години мир во потполност. Би имале време да направиме се за пристапување на Србија во ЕУ", рече Вучиќ.
Парламентарните избори во Србија се одржани во април 2016. година, а СНС во Собранието на Србија има апсолутно мнозинство.