Andelija Stojkovic
16 Август 2017•Ажурирај: 17 Август 2017
БЕЛГРАД (АА) - Авганистанецот Фархуд Нури (10), кој се вклучи во хуманитарната акција за помош на седумгодишното момче од Србија, денес со родителите и со браќата ги посети претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој им понуди да добијат државјанство на Србија, јавува Anadolu Agnecy (AA).
Вучиќ го повика семејството да остане во Србија, да не оди во Швајцарија, наведувајќи дека во Србија се сигурни.
„Можеби еден ден ти ќе бидеш претседател“, се пошегува Вучиќ кој во обраќањата често истакнува дека е син на бегалци, и му подари на Нури шешир и ролери.
Нури кој живее во Центарот за азил во Крњача, претходно изјави дека одлучил да помогне во собирањето на средства за лекување на Немања Дамчевиќ (7) кога од другарите слушнал дека на момчето му се потребни пари за терапија по операцијата на тумор на мозокот.
„Мислам дека е секогаш добро да помогнеме“, изјави Нури, кој на 9 август ги изложи своите цртежи на продажба, под името „Соништата на едно десетгодишно момче“.
Нури често црта портрети, па и на претседателот на Србија, Вучиќ, му подари еден.