Admir Fazlagikj
14 Декември 2017•Ажурирај: 15 Декември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Комисијата за надзор надспроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациитеод страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и од Министерството за одбрана, Емил Димитриев, денеска оствари средба со експертот од Европската Унија, Маурицио Варанезе, јавува Anadolu Agency (AA).
По средбата, Собранието на Република Македонија соопшти дека во разговорот со експертот на ЕУ, Варанезе, Димитриев изразил благодарност за посетата која е резултат на почитта кон помошта што се дава на Комисијата за реформите во безбедносниот сектор.
„На средбата, исто така, стана збор и за составот на Комисијата, тековните реформи во областа на безбедноста, како и генерално за моменталната политичка ситуација во земјата", се вели во соопштението.
Се додава дека експертот од Европската Унија, Варанезе и претседателот на Комисијата, Димитриев, размениле информации и предлози во насока на подготовката на законските измени за реформите на безбедносните служби коишто произлегуваат од Извештајот на Прибе и нивната понатамошна имплементација.