Dilara Hamit
27 Јуни 2023•Ажурирај: 28 Јуни 2023
АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изразија надеж дека новата ера, по неодамнешните избори во двете земји, е поволна за подобрување на билатералните односи, јавува Анадолу.
Ердоган во телефонски разговор вчера му честиташе на Киријакос Мицотакис откако тој повторно положи заклетва како грчки премиер, се вели во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Република Туркије.
За време на разговорот беше истакнато дека присуството на силни влади, кои ја добија довербата на својот народ во двете земји, претставува можност за иднината на билатералните односи.
Ердоган на 28 мај победи во вториот круг од претседателските избори во Туркије со 52,18 отсто од гласовите, само две недели откако неговата изборна коалиција, исто така, освои мнозинство во Парламентот.
Мицотакис вчера беше вратен на функцијата премиер на Грција по изборите викендов на кои неговата конзервативна партија Нова демократија освои повеќе од 40 отсто од гласовите.