Admir Fazlagic
09 Јануари 2019•Ажурирај: 10 Јануари 2019
СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Република Македонија во своето обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија за време на 75. седница на чиј дневен ред меѓу другото беа уставните измени кои се дел од Преспанскиот договор рече дека позитивната одлука во Собрането ќе ја однесе државата во НАТО, повикувајќи ги политичките лидери да се издигнат над поделбите, јавува Anadolu Agency (AA).
„Вашата позитивна одлука овде во Собранието ќе не однесе под знамето на нашата држава кога ќе се крене на јарболот пред седиштетот на НАТО во Брисел. Да ги кренеме главите, да се издигнеме над нашите делби и поделби за да гледаме како гордо се вее нашето знаме пред НАТО во Брисел. Пред нас се белите страници на нашата иднина" рече Заев.
Тој порача дека пратениците треба да ги остават настрана партиските и личните интереси затоа што како што рече „секој глас против е глас за изолација, несигурност и сиромаштија, нови политички кризи поголеми и од минататото".
„Одлуката што стои пред Вас денеска повикува да ја видиме нашата земја македонска како држава на европското семеството кое нѐ прифати како Македонци со свој силен иденитет и гордост заедно со нашите браќа и сестри сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите други коишто живеат во нашата Македонија", истакна Заев.
По неговото обраќање, претседателот на Собранието на Република Македонија рече дека седницата ќе продолжи утре со почеток во 13 часот.

По завршувањето на седницата се случи судир меѓу група демонстранти и полицијата, кога мала група демонстранти се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред Собранието, по што реагираше полицијата.
Со зголемено полициско обезбедување и затворен булевар од пладневните часови пред зградата на Собранието започна протест организиран од страна на граѓанската иницијатива „Македонија блокира”, кои изразија револт против уставните измени, според кои Република Македонија ќе го промени своето име во Република Северна Македонија.
Потсетуваме, во октомври минатата година, Собранието на Република Македонија со поддршка од 80 гласови и 39 против, ја започна постапката за пристапување кон уставни измени.
Договорот за решавање на спорот за името со Грција (Преспански договор), во јуни минатата година, во Преспа, го потпишаа владите на Македонија и Грција.