Seyyid Emin
27 Септември 2019•Ажурирај: 29 Септември 2019
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје денес е отворена новата 2019-2020 академска година на проектот „Академија Скопје“, во организација на Здружението за едукација и идеи „Фетах Ефенди" со седиште во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
На оваа програма учествуваа членот на Високиот совет за верски прашања при Управата за верски прашања на Турција, проф. д-р Муртеза Бедир, советникот за верски прашања при Амбасадата на Турција во Скопје, Мурат Алкан, претседателот на здружението „Фетах Ефенди", Севба Абдула, директорот на Турската Фондација „Маариф" во Северна Македонија, Мустафа Диллиоглу, како и голем број студенти.
Претседателот на Феттах Ефенди, Абдула, во изјава за АА истакна дека „Академија Скопје" е три годишна едукативна програма во чии рамки биле организирани околу 30 семинари.
„Во овој семестар во оваа година ќе имаме 12 семинари. Наставата се реализира на два јазици (на турски и на албански јазик)“, рече Абдула.
Тој информираше дека оваа година во „Академија Скопје" аплицирале околу 100 студенти од 5 различни државни и приватни универзитети во Северна Македонија, и дека во овој период ќе дипломира првата генерација од оваа академија која започна пред 3 години.
Од друга страна, проф. д-р Муртеза Бедир во изјава за медиуми истакна: „Сметам дека навистина оваа млада иницијатива која ја создала здружението Фетах Ефенди, се првите чекори на една структура која ќе даде голем придонес во интелектуалниот живот на Балканот за кој долго време се копнее“.
Бедир нагласи дека исламскиот свет поминува низ сериозни проблеми, на чело со проблемот со образованието. Според Бедир, се вршат значајни чекори во насока на исполнување на овој недостиг, и дека активностите на Феттах Ефенди се во овие рамки.
Истакнувајќи дека Истанбул и Анадолија со векови имале многу блиски односи со Балканот, Бедир, рече дека овие односи повторно се градат уште повцрсто.
По обраќањата, се одржа семинарот на проф. д-р Бедир на тема „Исламски науки и исламско мислење“.
Инаку, Советништвото за верски прашања при амбасадата на Турција во Скопје даде придонес во доаѓањето на проф. д-р Муртеза Бедир во Скопје за одржувањето на овој семинар.