Dejan Maksimovic
21 Мај 2017•Ажурирај: 22 Мај 2017
ЗАГРЕБ (АА) - Хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, по гласањето на денешните локални избори изјави дека лично се залага за децентрализација на Хрватска, и ги повика граѓаните во што голем број да излезат на гласање, бидејќи изборот на претставници е исклучително важен, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ги повикувам сите хрватски граѓани да излезат на гласање, бидејќи бирањето на вашите непосредни претставници во локалната самоуправа е исклучително важно. Јас лично се залагам за децентрализација на Хрватска, значи, за што поголемо пренесување на надлежностите на локалната самоуправа и се разбира пренесување на финансиските средства, што, секако, ја зајакнува улогата на вашите претставници, како во месните одбори, на градските и општинските совети, така и на градоначалниците и жупаните“, изјави хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ.
Претседателката на Хрватска своето граѓанско право го оствари во придружба на својот сопруг Јаков, на гласачкото место во улицата Антун Бауер, во Загреб.
- Локални избори во Хрватска -
Во седум часот наутро се отворени гласачките места низ Хрватска за локалните избори на кои над 3,7 милиони регистрирани гласачи ќе избираат околу 9.500 локални претставници од 47.601 кандидат.
Парламент, се одржуваат на секои четири години. Вториот круг од локалните избори, доколку кандидатот не е избран со мнозинство гласови, ќе се одржи две недели подоцна, на 4 јуни 2017 година.