Agim Sulaj
01 Ноември 2021•Ажурирај: 03 Ноември 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица. Вкупниот број смртни случаи во земјата останува иста, односно 2.977, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 5 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 160.767.
Во последните 24 часа се направени 1.115 тестирањa за Ковид-19, а од почетокот на пандемијата во Косово реализирани се вкупно 1.271.002 тестирањa.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 157.360 лица. Во моментов во земјата има 430 активни случаи.