Zylfije Adem Jakupi
08 Октомври 2021•Ажурирај: 12 Октомври 2021
ПРИШТИНА
Министерката за индустрија и трговија на Косово, Розета Хајдари, денеска изјави дека се донесени две одлуки за антидампинг заштита од одредени производи кои се увезуваат од Србија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Хајдари на прес-конференцијата рече дека мерките се однесуваат на увоз на концентрати за живина и животни и увоз на блокови од Србија. Таа рече дека двете одлуки се донесени во согласност со законите и се однесуваат на една компанија за производство на блокови и четири компании за производство на концентрати.
На одлуките им претходеше истрага од 60 дена, која потврди дека предметните производи се продаваат поевтино во Косово отколку во Србија.
„Истрагата е спроведена во согласност со меѓународните закони и стандарди, со кои е потврдено дека производите се продаваат поевтино на пазарот во Република Косово отколку на домашниот пазар во Србија како земја на потекло. Одделот за трговија констатира дека ниската цена влијае на зголемувањето на увозот на блокови и дека влијае на зголемувањето на увозот на концентрати. Забележано е дека оваа ситуација на дампинг директно и постојано влијае на домашното производство на овие производи“, рече Хајдари.
Воведената мерка е зголемување од еден цент, така што сега е 3 наместо претходните 2 центи по килограм увезен концентрат за живина и животни од секаков вид. Прашалник беше испратен до српските производители на концентрати, според законот, но тие не одговорија во рок од 45 дена, како што налага законот.
Мерката за увоз на стандардни блокови е исто така 3 центи, што е зголемување за еден цент.
Министерот Хајдари посочи дека Министерството при одредување на висината на мерките се грижело локалните производители да не ги зголемат цените на штета на потрошувачите, додека директорот на Одделот за трговија при МИТ, Зеф Дедај, рече дека ефектот од оваа мерка би била намалување на увозот од Србија.
Хајдари додаде дека е испратено писмо до ЦЕФТА на 24 септември годинава и дека Косово ќе биде претставено без посредство на УНМИК.