Agim Sulaj
08 Јуни 2026•Ажурирано: 08 Јуни 2026
Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово го заврши процесот на пребројување на гласовите објавувајќи ги прелиминарните резултати од изборите на 7 јуни, јавува Анадолу.
Според конечните прелиминарни резултати, Движењето Самоопределување останува прва партија со 42,91 отсто од гласовите или 299.152 гласа.
Втора партија со најмногу освоени гласови на овие избори е Демократската партија на Косово со 21,12 отсто од гласовите или 147.220 гласа.
Демократскиот сојуз на Косово доби 17,58 отсто од гласовите, односно 122.575 гласа од граѓаните со право на глас на територијата на Република Косово.
Алијансата за иднината на Косово освои 7,16 отсто или 49.917 гласа, обезбедувајќи го потребниот праг за влез во Собранието на Косово и за уште еден мандат.
Српска листа на овие избори освои 6,18 отсто или 43.071 глас.
Централната изборна комисија денес ќе започне со пребројување на гласовите за кандидатите за пратеници. Портпаролот на ЦИК, Валмир Елези, изјави дека пребројувањето ќе се врши во општинските центри за пребројување.
По неколку дена се очекува да бидат преброени и гласовите на косовската дијаспора, каде што за време на овие избори биле регистрирани околу 130.000 гласачи за гласање по пошта или гласање преку конзулатите и амбасадите на Косово во странство.