Agim Sulaj
19 Јуни 2021•Ажурирај: 20 Јуни 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа почина еден пациент, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 2.251, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 16 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 107.645.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 1.938 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 653.813 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 105.218 лица. Во моментов во земјата има 176 активни случаи.