Agim Sulaj
14 Октомври 2026•Ажурирано: 14 Октомври 2026
Полицијата на Косово соопшти дека во вторникот во селото Жабар кај Митровица се пронајдени посмртни останки за кои постои сомнеж дека му припаѓаат на лице исчезнато за време на последната војна во Косово, пренесува Анадолу.
Како што се наведува во соопштението, останките се подигнати од местото на настанот и се испратени во Институтот за судска медицина за понатамошни постапки.
„Секторот за истрага на лица исчезнати за време на војната, во координација со Институтот за судска медицина и Владината комисија за исчезнати лица, на 13.10.2026 година го спроведе налогот на Основниот суд во Приштина – Специјалниот оддел за ексхумација, обдукција и идентификација, на гробиштата во селото Шипол во Општина Митровица, каде што наишле на човечки коски за кои постои сомнеж дека му припаѓаат на машко лице од Косово. Коскените останки се подигнати од местото на настанот и се испратени во ИСМ“, се наведува во соопштението на косовската полиција.
Од последната војна во Косово, во периодот 1998–1999 година, сè уште се водат како исчезнати околу 1.500 лица.