Ekip
09 Јануари 2021•Ажурирај: 10 Јануари 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 7 пациенти, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 1.375, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 259 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во Косово од почетокот на епидемијата се искачи на 53.523.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.531 тестирање за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата реализирани се вкупно 195.475 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 45.613 лица. Во моментов во земјата има 6.896 активни случаи.