Sibel Vezaj
01 Јуни 2017•Ажурирај: 01 Јуни 2017
ПРИШТИНА (АА) – Премиерот во заминување на Косово, Иса Мустафа, упати честитки до новоизбраниот премиер на Македонија, Зоран Заев, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопшението од премиерскиот кабинет на Косово се наведува дека косовскиот премиер во заминување, Мустафа, упатува честитки до новоизбраниот македонски премиер Заев, како и до новата Влада на Македонија избрана од страна на Собранието на Македонија.
Во телеграмата испратена до премиерот Заев, Мустафа му посака успех и ја изразил посветеноста на косовската Влада за соработка и интензивирање на односите меѓу двете земји.
„Целосно сум убеден дека новата македонска влада ќе продолжи да ги зајакнува исклучително добрите односи меѓу двете држави и двата народа“, се вели во телеграмата на Мустафа.