Dejan Maksimoviç
10 Април 2019•Ажурирај: 11 Април 2019
БЕЛГРАД (АА) - Муфтиството на Бања Лука изрази жалење и го осуди немилиот настан и сквернавењето на објектот на џамијата „Арнаудија“ во Бања Лука, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Од надлежните органи очекуваме да ги утврдат сторителите и се надеваме дека овој вандалски чин нема негативно да влијае на изградбата на соживот и доверба меѓу граѓаните на Бања Лука“, соопштено е денес од Муфтиството на Бања Лука.
На ѕидовите на бањалучката џамија „Арнаудија“, чија обнова е во тек, денес беа пронајдени испишани симболи „4C“ и „свастика“.
Од Министерството за внатрешни работи на ентитетот Република Српска соопштија дека работат на утврдување на околностите за испишување на навредливата содржина на верскиот објект во изградба.
Џамијата „Арнаудија“ е една од 15-те бањалучки џамии, изградена во 16 век.
Џамијата заедно со турбето е срушена во мај 1993 година, истата ноќ кога и џамијата „Ферхадија“.
Обновата на џамијата започна во 2003 година, а проектот сè уште не е завршен.