Ekipa
20 Октомври 2020•Ажурирај: 21 Октомври 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 408 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи во овој вирус во земјата се искачи на 24.196, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека од последици предизвикани од Ковид-19 починати се 4 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од овој вирус во земјата се искачи на 850.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 281 оздравен пациент од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени од овој вирус изнесува 17.673. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.673.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.140 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 223.922 тестирања на овој вирус.