Ekip
09 Април 2021•Ажурирај: 11 Април 2021
СКОПЈЕ
Од последици од коронавирусот (Ковид-19) почина Тони Николовски, поранешен снимател во Агенција Анадолија (АА) во претставништвото во Скопје.
Николовски работеше како снимател во Агенција Анадолија (АА), Сервисот на македонски и Сервисот на албански јазик во Скопје, од 2015 до 2020 година.
Вработените на АА ќе го паметат Николовски како колегијална и професионална личност, која со својот работен ангажман даде придонес за АА.
Тони Николовски беше роден на 24.8.1964 година во Битола.
Агенција Анадолија изразува искрено сочувство до семејството на починатиот и до сите колеги.