Vesna Besiç
27 Јануари 2018•Ажурирај: 28 Јануари 2018
ИГМАН (AA) - По доаѓањето од околу 5.000 ученици на Игманскиот марш на „Велико поље", многубројни делегации положија цвеќе на Спомен - обеежјето на припадницита на Првата пролетерска бригада која на 28 јануари 1942 година стаса до тоа место, јавува Anadolu Agency (AA).
На централното одбележување на 76 годишнината од Игманскиот марш присуствуваа помеѓу 15 и 20 илјади лица, кои дојдоа со автобуси.
Оваа година е забележан рекорден број гости од Босна и Херцеговина и од странство. Игманскиот марш е еден од најважните партизански походи на просторите на Поранешна Југославија во Втората светска војна.
По доаѓањето на учесниците на маршот, делегациите положија венци и цвеќе на Спомен - обележјето на припадницита на Првата пролетерска бригада која на 28 јануари 1942 година, движејќи се кон слободната територија во Фоча, стаса до ова место на планината Игман.
Според зборовите на претседателот на Организацискиот одбор на Игманскиот марш Ибрахим Дурма, на одбележувањето се наоѓаат околу 20.000 луѓе.
„Во колоната, според наша проценка и проценка на полицијата се наоѓаат околу 4.000 - 5.000 луѓе кои можат да пешачат десетина километри. Од година во година имаме се поголем број луѓе, а посебно не радува големиот број млади луѓе. Сметаме, според бројот на автобуси, комбиња и автомобили, дека ова ќе биде рекордна посета на Игман, околу 20.000 посетители", истакна Дурмо.
Како што нагласи тој, нема место во БиХ, од кое не стасале учесници на Игманскиот марш.
„ Драго ни е што со нас се и луѓето од Бања Лука, од регионот, од сите земји од опкружувањето. Во секој случај, најбројни се Словенците, Црногорците, Хрватите ... Со нас се и антифашисти од Италија и Австрија како и делегација на руски ветерани", појасни Дурмо.
Смета дека најважна работа е дека луѓето дефинитивно сфатиле дека „антифашизмот нема алтернатива".
„Интересно е што доаѓаат млади. Не започна се од нашата одбрамбена војна. Историјата на Босна е многу стара", порача Дурмо.

Учесниците на Игманскиот марш со звукот на партизанските песни, знамиња на поранешна Југославија, слики од Јосип Броз Тито и транспаренти со пораката „Друже Тито ми ти се кунемо", како и знамето на СУБНОР и државното знаме на БиХ, од местото Хаџиќи во близина на Сараево, утрово пешки тргнаа кон Игман. Во маршот учествуваа луѓе од различни краеви на БиХ и од соседни земји, припадници на сите генерации, од најмлади, тинејџери, па до најстарите антифашисти.
Од Словенија со голема група луѓе на Игманскиот марш стаса и 92 - годишниот Данило Шкорија.
„Доаѓам секоја година од Љубљана. Бев борец на третата прекуморска ударна бригада. Доаѓаме тука да дадеме поддршка на ова одбележување. Дојдоа пет автобуси и две комбиња", рече Шкорија.
Смета дека е важо да се одбележува годишнина на Игманскиот марш.
„Тоа е историска работа и не можеме да го заборавиме. Тука се водеа борби, паѓаа жртви. Според тоа, тоа треба да се одбележува секоја година и да има што повеќе млади, а не старци", порача Шкорија.

И Фахрудин Салихбашиќ од Сребреник на Игманскиот марш доаѓа години наназад.
„Тука сме на одбележување во последните шест-седум години. Овие настани треба да се одбележуваат за да не заминат во заборав. Историјата не е последните 10 или 20 години, таа е пред 100 години и постара", појасни Салихбашиќ.
Рече дека младите денеска немаат доволно информации за Втората светска војна и борбата во поранешна Југославија.