Zylfije Adem Jakupi
26 Јуни 2023•Ажурирај: 27 Јуни 2023
ПРИШТИНА (АА) - Ослободени се тројцата косовски полицајци кои беа приведени од српските сили на 14 јуни во пограничното подрачје во северниот дел на Косово, пренесува Анадолу.
Првиот секретар на Канцеларијата за врски на Косово во Белград, Фатмир Хаџоли, го потврди тоа и на социјалната мрежа Фејсбук со зборот „конечно“ и со слика на која е тој со тројцата косовски полицајци.
Претходно Хаџоли имаше најавено дека Рифат Зека, Бекир Сефа и Мустафа Шеми денес ќе излезат пред Судот во Краљево, кој им имаше одредено 30 дена притвор.