Emre Baştuğ
05 Февруари 2017•Ажурирај: 06 Февруари 2017
КОЊИЌ (АА) - ЕМРЕ БАШТУГ - Засолништето со кодно име „Истанбул“ коешто претседателот на поранешна Југославија Јосип Броз Тито го изгради во градот Коњиќ во јужниот дел на Босна и Херцеговина против евентуален нуклеарен напад, посетителите буквално ги носи во минатото, јавува Anadolu Agency (AA).
Изградбата на засолништето е завршено во 1979 година, по 25 години градење за време на Студената војна, а откриено е на почетокот од војната во Босна во 1992 година.
Воените возила, телефоните и античкиот мебел во подземното засолниште коешто беше мистерија сè до неговото отворање во 2011 година, посетителите буквално ги носи на патување низ времето.
Со своите тунели, посебно оние специјализирани за различни намени, засолништето потсетува на вистински лавиринт. Изграден е за да можат околу 350 лица внатре да преживеат шест месеци, без да имаат каков било контакт со надворешниот свет.
Засолништето е изградено да издржи дури и напад со атомски бомби од 24 тони, додека трошоците за негова изградба чинеле 4,7 милијарди долари.
Тито не го видел засолништето по завршувањето на неговата изградба, но собата и канцеларијата на легендарниот лидер го имаат истиот изглед како и првиот ден.
- Во засолништето сè датира од 1979 година -
Засолништето коешто се водело под името на проектот „ARK D-0“, по неговото откривање во 2011 година се дознава дека носело кодно име „Истанбул“. Се претпоставува дека кодното име на засолништето било „Истанбул“ поради тогашното зближување на Југославија со Турција.
На отварањето на засоништето за посетителите во 2011 година, се организираше биенале на современи уметници, а беа изложени и изработки на тема Студената војна, нуклеарно оружје и различни теми за војни од страна на многубројни уметници од различни земји меѓу кои и шестмина уметници од Турција.
Заменикот- директор на биеналето, Мирнес Баљиќ, во својата изјава за АА, истакна дека не е пронајден никаков официјален документ којшто ја објаснува причината зошто кодот на името на засолништето е „Истанбул“, но се претпоставува дека причината за тоа кодно име може да бидат добрите односи на Југославија и Турција во тој период.
Баљиќ потсети дека во времето кога е изградено засолништето, во развој било градежништвото. „Работниците коишто работеа тука мислеа дека градат нешто друго. Во Коњиќ се градеа згради и фабрики и други градби. Затоа луѓето не се сомневаа дека ова може да биде некое скривалиште“, истакна Баљиќ.
Баљиќ изјасни дека Југословенската армија засолништето цело време го држела како строго доверлива тајна и дека за време на неговата изградба во тој период работниците морале да потпишат документ дека нема да кажат никаде за тоа.
Тој рече дека сè што е во засолништето е останато од 1979 година, и дека истото претставува една воена историја. Тој пренесе дека од 2011 година до денес, засолништето и поставката ги посетиле околу 8.000 лица.
„Сите уметнички дела коишто се наоѓаат во засолништето имаат своја порака. Во овој момент секој може да го посети ова засолниште, изградено само за одредени луѓе. Може да се видат многу скриени тајни и изработки на уметници од целиот свет. Ова место порано беше поврзано со идеи за нуклеарна војна, но денес е поврзано со модерната уметност“. пренесе Баљиќ.