Ekipa
08 Септември 2021•Ажурирај: 09 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Пожар го зафати вечерва Ковид-центарот во Тетово, во кој има и жртви, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Северна Македонија информира дека точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба моментално се утврдува.
Оттаму се соопштува дека пожарот е ставен под контрола и дека сите тимови од болницата се мобилизирани да пружат помош на повредените.
„Повредените итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани“, се додава од Министерството.