Ekipa
09 Октомври 2017•Ажурирај: 10 Октомври 2017
САРАЕВО (АА) - Насер Ориќ, поранешен командант на Армијата на Босна и Херцеговина, е ослободен од обвиненијата за убиство на српски цивили за време на војната во Босна и Херцеговина, јавува Anadolu Agency (AA).
Ориќ и Сабахудин Мухиќ, член на Армијата на Босна и Херцеговина, беа ослободени од обвиненијата за убиство на српски цивили во Сребреница и во Братунац, за време на војната во Босна, меѓу 1992 и 1995 година.
На ова судско рочиште присуствуваа и блиските на загинатите во масакрите во Сребреница, а пред зградата на судот беа преземени засилени безбедносни мерки.
Инаку, Ориќ во јуни 2015 година беше приведен во Шведска, а 14 дена подоцна беше екстрадиран во Босна и Херцеговина, каде што потоа беше условно ослободен. Ориќ претходно беше осуден и од страна на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во Хаг, но беше ослободен од обвиненијата.