Bakır Tıro
30 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
ЗАГРЕБ
Иво Санадер, поранешниот премиер на Хрватска, и Золт Хернади, лидерот на унгарскиот МОЛ (MOL), денес во Окружниот суд во Загреб се прогласени за виновни за „примање и давање мито во случајот ИНА-МОЛ“.
Санадер е осуден на 6 години затвор, а одлуката не е правосилна, додека на Хернади му е изречена казна во траење од 2 години „зад решетки“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во образложението на пресудата, судијката Маја Штампар-Стипиќ рече дека „Санадер со Хернади се договорил дека за износ од 10 милиони евра на МОЛ ќе му го препушти одлучувачкиот глас за управување со ИНА“.
„Санадер како државен премиер прикажа дека е потребно издавање на раководењето со гасот и измена на меѓуакционерскиот договор“, истакна судијката Штампар-Стипиќ.
Фирмата на Роберт Јежиќ, кој призна дека преку него на Санадер му е уплатена половината од договореното мито, според неправосилната пресуда, на Република Хратска треба да ѝ врати 5 милиони евра.
Хернади и понатаму е недостапен за судството, а Санадер останува во затвор во Реметинец.