Emre Baştuğ
25 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
САРАЕВО (AA) - Портпаролот на претседателот на Турција, Ибрахим Калин, ја започна својата посета на Сараево, со посетата на гробот на првиот претседател на Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ, јавува Anadolu Aгency (AA)
Калин, се наоѓа во Сараево за да учествува на конференцијата „Иднината на исламот и муслиманите во Европа на оската на Андалузија и БиХ“, која е организирана од страна на Унијата на европски балкански демократи (УЕБД) во Босна и Херцеговина во рамките на Европската унија на турските демократи (УЕТД). Тој првин ги посети гробиштата „Ковачи“.
Калин на гробиштата се молеше за Алија Изетбеговиќ и постави цвеќе на споменикот на херојски загинати борци.
Тој ги посети и историската Башчаршија и Газа Хусрев Бег Џамија, една од најважните османлиски џамии во градот.
Потоа портпаролот Калин замина во претседателските простории, каде што се состана со босанскиот член на Советот на БиХ, Бакир Изетбеговиќ.

Портпаролот на претседателот на Турција, Калин, се очекува денес да се сретне со студентите на Универзитетот во Сараево.