Abdula Berısha
20 Јануари 2020•Ажурирај: 20 Јануари 2020
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија, Сали Мурати, оствари средба со амбасадорот на Република Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, јавува Агенција Анадолија (AA).
Оценувајќи ја Турција како пријателска и братска држава, Мурат во изјавата за медиумите по средбата рече дека со турскиот амбасадор Секизќок разговарал за понатамошната соработка помеѓу уставните судови на двете пријателски држави.
Во врска со состанокот, тој изјави дека е продолжение на агендата за средби со меѓународните фактори и афирмација на Уставниот суд. Притоа, Мурати ги издвои и високо ги оцени односите на институцијата со којашто раководи со Република Турција.
„Ние во 2007 година потпишавме меморандум за соработка со Турција. Секоја година имаме заеднички средби, заеднички состаноци. Минатата година делегација на чело со претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Зухту Арслан, престојуваше кај нас“, рече Мурати, додавајќи дека и официјални делегации од Северна Македонија ја посетуваат Турција.