Dejan Maksimoviç
08 Април 2017•Ажурирај: 09 Април 2017
БЕЛГРАД (АА) - Во Белград, на пладне, по шести пат започна „Протест против диктатурата", јавува Anadolu Agency (AA).
Претходните пет собири започнуваа во 18 часот, а денес во 12, но тоа не е единствената разлика. Овој пат средбата беше закажана пред зградата на српската влада, а на студентите им се придружија припадниците на полицискиот синдикат, кои не се задоволни од материјалната состојба на вработените во безбедносните структури.
Освен во Белград протести се одржуваат и во други градови во Србија, а незадоволството го искажуваат поради резултатите од претседателските избори и „измамничката изборна кампања".
Неколку илјади собрани пред зградата на Владата тргнаа на мирна протесна прошетка кон Нов Белград и зградата на стариот Сојузен извршен совет.
Демонстрантите, од кои повеќето се млади луѓе, мавтаат со знамиња и производуваа звуци од свирчиња.
Многу од нив носат транспаренти со пораки како „Пукнавте", „Против теророт на власта", „Кој лаже тој е Вучиќ".
Александар Вучиќ, актуелниот премиер на Србија, на последните претседателски избори победи во првиот круг со повеќе од 55 проценти освоени гласови.