Oktaj Omeragikj
03 Мај 2022•Ажурирај: 04 Мај 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија се регистрирани 21 нов случај на заразеност со коронавирусот (Ковид-19), од кои петмина се реинфицирани. Вкупната бројка на евидентирани случаи на зараза од почетокот на пандемијата во земјата достигна 309.790, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последното деноноќие не се регистрирани лица починати од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19. Досега поради коронавирусот во земјата животот го загубија 9.282 заразени.
Институтот за јавно здравје регистрира 71 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега оздравени изнесува 299.936.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 572.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа е спроведено тестирање на 773 примероци сомнителни на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.023.422 тестирања.