Abdula Berisha
04 Ноември 2019•Ажурирај: 05 Ноември 2019
СКОПЈЕ (АА) - Новиот претседател на Европскиот парламент (ЕП), Давид Сасоли, престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, што е прва негова официјална посета надвор од Европската унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
Сасоли беше примен во Владата на Северна Македонија од владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, по што тие одржаа билатерална средба.
На заедничката прес-конференција по средбата, премиерот Заев рече дека Сасоли ја посетува земјата на покана на претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери.
Тој изрази благодарност до Сасоли, за кого рече дека е голем пријател на Северна Македонија, како и за гласањето на ЕП за резолуцијата со која се повикува на почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.
Заев рече дека одлуката на ЕУ да не започне преговори ги враќа во агендата прашањата на евроскептицизмот, дилемите дали ЕУ останува лојална на своите политики за проширување и дали има алтернатива на европската перспектива.
„Не е лесно да се продолжи без структуриран и систематски притисок што ќе го донесеа пристапните преговори. Но, ние велиме нема алтернатива. Мораме да продолжиме, дури и посилно со реформите, со докази дека во земјата владее правото, дека имама силни аргументи за напредокот во економијата. Тие реформи ни се најпотребни заради нас, дома”, истакна Заев.
Претседателот на ЕП, Дејвид Сасоли, рече „се соочуваме со застој, а не на пораз“, додавајќи дека сите европски институции се убедени дека Северна Македонија треба да ги започне преговорите.
Сасоли рече дека треба да ги разбереме позициите на некои земји-членки, додавајќи дека некои од нив веќе почнале да ги преиспитуваат своите позиции.
„Како што знаеме, бевме уверени во започнувањето на пристапните преговори во рамките на последниот Совет на ЕУ, но сега очекуваме за неколку месеци да се смени одлуката за Северна Македонија. Ова моќеби ќе им овозможи на институциите на Северна Македонија да започнат дури и со други реформи, да не застанеме! Ние во нашиот хоризонт, имаме заедничка иднина, заеднички хоризонт“, рече Сасоли.
Според најавеното, во рамките на дводневната посета, Сасоли ќе се сретне и со претседателот на државата Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, со лидерите на политичките партии, и ќе има обраќање во Собранието на Северна Македонија.