Северна Македонија: Бројката на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 35
Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје.Состојбата на сите пациенти е стабилна
Admir Fazlagic
18 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија потврди 4 нови случаи на лица позитивни на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на лица со коронавирус во земјата се искачи на 35, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје.Состојбата на сите пациенти е стабилна", соопшти Министерството за здравство на Северна Македонија.
„Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација", се додава во соопштението.
„Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија", информираат од ресорното министерство.
За состојбата во врска со коноравирусот во Северна Македонија, на прес-кофнеренција во Владата информираше министерот за здравство Венко Филипче.