Husamedin Gina
05 Септември 2022•Ажурирај: 07 Септември 2022
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија информираше дека во последните 3 дена (од 02.09 до 04.09.2022), во земјата се регистрирани 254 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 340.948, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на изминатите 3 дена пријавени се 4 починати лица како последица на Ковид-19. Досега поради коронавирусот во земјата починаа 9.499 заразени.
Институтот за јавно здравје регистрира 412 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега оздравени изнесува 330.153.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.296.
Министерството за здравство информира дека досега во земјата се направени вкупно 2.154.094 тестирања на примероци сомнителни на Ковид-19.