Husamedin Gina
29 Септември 2021•Ажурирај: 30 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 454 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 190.915, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 9 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистерот на починати лица со дијагноза Ковид-19 пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 03.09.2021 до 27.09.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 6.646.
Институтот за јавно здравје регистрира 308 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 172.179.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 12.090.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.512 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.286.091 тестирање.