Furkan Abdula
14 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистриран е 541 нов случај на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 112.646, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 19 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.319.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 521 оздравен пациент од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 97.687.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 11.640.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.789 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 566.183 тестирања.