Admir Fazlagic
29 Мај 2021•Ажурирај: 30 Мај 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 33 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.246, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 11 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.398.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 92 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 147.473.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 2.375.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.777 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 792.077 тестирање.