Furkan Abdula
12 Март 2021•Ажурирај: 14 Март 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 868 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 111.077, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 5 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.280.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 397 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 96.925.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 10.872.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.654 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 559.021 тестирање.