Furkan Abdula
10 Мај 2022•Ажурирај: 11 Мај 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 115 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 310.413, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Не се пријавени нови починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата остана исто, односно изнесува 9.287.
Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 300.532.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 594.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.652 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.032.020 тестирање.