Furkan Abdula
01 Април 2022•Ажурирај: 02 Април 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 201 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 306.178, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 5 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.226.
Институтот за јавно здравје регистрира 249 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 295.237.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.715.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.986 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.964.475 тестирања.