Furkan Abdula
06 Јули 2022•Ажурирај: 07 Јули 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 266 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 315.060, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Не се пријавени нови починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата остана исто, односно изнесува 9.327.
Институтот за јавно здравје регистрира 119 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 304.460.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.273.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 953 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.086.592 тестирања.