Furkan Abdula
04 Август 2022•Ажурирај: 05 Август 2022
Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 844 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 330.016, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 6 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.387.
Институтот за јавно здравје регистрира 815 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 316.490.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 4.139.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.890 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.123.580 тестирања.