Furkan Abdula
20 Декември 2021•Ажурирај: 21 Декември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 127 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 221.411, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 6 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 22.11 до 18.12.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.825.
Институтот за јавно здравје регистрира 261 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 208.209.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.377.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.766 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.551.730 тестирања.