Furkan Abdula
12 Јануари 2022•Ажурирај: 13 Јануари 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 1.822 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 238.061, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 3 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, починати во период од 28.12.2021 до 06.01.2022 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 8.062.
Институтот за јавно здравје регистрира 668 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 216.521.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 13.478.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 7.123 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.679.890 тестирања.