Furkan Abdula
15 Декември 2021•Ажурирај: 16 Декември 2021
СКОПЈЕ
Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 326 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 220.169, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 8 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 6 лица, починати во период од 25.10 до 11.12.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.768.
Институтот за јавно здравје регистрира 242 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 206.903.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.498.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.562 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.509.665 тестирања.