Furkan Abdula
14 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 37 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 15.827, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починале уште 4 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 652.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравен пациент од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 13.315.
Во моментот активни се 1.860 случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 464 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 166.356 тестирања за Ковид-19.